• среда, 25 декември 2024

Вториот тим на Еурофарм Пелистер го совлада ракометниот шампион Вардар со 27:26

Вториот тим на Еурофарм Пелистер го совлада ракометниот шампион Вардар со 27:26
Битола, 30 октомври 2021 (МИА) - Најпријатното изненадување во македонската ракометна супер лига, вториот тим на Еурофарм Пелисер вечерва во Битола го совлада шампионот Вардар со 27:26. Битолчани изнанадувањето на колото го најавија во првото полувреме кое го завршија со предност од 14:11, а поттикнати од 2.000 публика, на крајот успеаја да слават со 27:26. Во тимот на домашните имаше подеднакво залагање на натпреварот и успехот е заеднички, а статистички, најефикасен беше Арсенијевиќ кој постигна седум голови, додека кај гостите од Скопје најефикасен беше Георгиевски кој постига шест голови. Големото спортско изненадување на колото, публиката го поздрави со долготраен аплауз во кој освен ракометарите свој придонес имаше и извонредната судиска двојка, Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп.мт/са/

Остани поврзан