Вториот круг од претседателските избори во Португалија ќе се одржи на 8 февруари
- На вчерашните претседателски избори во Португалија ниту еден кандидат не освои апсолутно мнозинство гласови, поради што на 8 февруари ќе се одржи втор круг
Лисабон, 19 јануари 2026 (МИА) – На вчерашните претседателски избори во Португалија ниту еден кандидат не освои апсолутно мнозинство гласови, поради што на 8 февруари ќе се одржи втор круг.
Кандидатот на Социјалистичката партија Антонио Жозе Сегуро освои 31,1 отсто од гласовите, додека десничарскиот популист, лидерот на партијата Доста е (Chega) Андре Вентура освои 23,5 проценти.
На првиот круг од претседателските избори учествуваа 11 кандидати, но ниту еден не освои 50 отсто од гласовите.
Втор круг од претседателските избори во Португалија не е одржан од 1986 година.
Новиот претседател на Португалија предвидено е да стапи на должност на 9 март. Тој ќе го смени актуелниот претседател Марсело Ребело де Соуза.
Претседателот на Португалија главно има церемонијална улога, но во одредени околности има ингеренции за распуштање на Парламентот, распишување на парламентарни избори и ставање вето на законите. ми/
фото: МИА архива