• четврток, 26 декември 2024

Втора јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач

Втора јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи втората јавна трибина на која ќе биде презентиран новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Трибината ја организира Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ. Станува збор за здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката. Првата јавна трибина на која беа презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, се одржа пред пет дена, на 4 јуни, а ја организираше Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). На трибината беа презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од ФЕИТ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што соопшти тогаш РКЕ, сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите. -Главната цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите, велат од РКЕ и посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се прим енува иста цена. мч/дма/    

Остани поврзан