• сабота, 23 ноември 2024

Втора победа за македонските кошаркари во претквалификациите за Евробаскет 2025

Втора победа за македонските кошаркари во претквалификациите за Евробаскет 2025
Скопје, 28 август 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација ја победи Словачка со 79:75 во 2. коло од претквалификациите за Евробаскет 2025. Во најголем дел од натпреварот одигран вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје, гостите беа во водство, но „црвено-жолтите“ беа упорни и на три минути до крајот семафорот покажуваше 69:69. Следуваше серија од 7:0 за конечна победа на македонската селекција. Најефикасни во победничкиот тим беа Ненад Димитријевиќ со 20, Андреј Јакимовски и Војдан Стојановски додадоа по 15. На вториот натпревар од Д-групата во претквалификациите Норвешка ја победи Данска со 99:75. По две кола, Македонците како и Норвежаните имаат по две победи, Словаците и Данците се без триумф. зс/

Остани поврзан