• среда, 13 ноември 2024

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

Втора малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“
Скопје, 5 октомври 2021 (МИА) - Под покровителство на Министерството за култура и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, денеска во село Тресонче свечено ќе биде отворена Втората малореканска школа „По патеките на Дичо Зограф“. На отворањето на Школата, во дворот на црквата „Св.Апостоли“, ќе биде промовиран Зборник на научни трудови од Првата малореканска школа и ќе бидат изложени проектни решенија за ревитализација на старото училиште во Тресонче во спомен-дом и музеј на Дичо Зограф. Активностите на Школата ќе се одвиваат од 5 до 9 октомври 2021 година во село Тресонче, во околните села на Мала Река, во Бигорскиот манастир и во Дебар, во рамките на двете секции – историја на уметноста и архитектура. Едукативните и научно-истражувачките активности на Школата ќе ги следат четиринаесет учесници, кустоси и научни соработници во музеите и во научните институции од Македонија, како и студенти од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. бк/ар/

Остани поврзан