• сабота, 27 јули 2024

Втората носителка пресилна за Стоилковска

Втората носителка пресилна за Стоилковска

Шарм Ел Шеик, 30 ноември 2023 (МИА) - Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрсот во Шарм Ел Шеик, Египет, откако денес загуби од домашната тенисерка Јасмин Езат (втора носителка) со 2:0 во сетови (6:1 и 6:4) за 1 час и 17 минути игра. 

За пласманот во второто коло Стоилковска ќе добие еден поен на следното рангирање на ВТА листата.

Првиот сет Езат го освои на убедлив начин притоа македонската тенисерка го освои само третиот гем за да намали на 2:1, но потоа следуваше серија од четири гема за тенисерката од Египет за 6:1 во гемови во првиот сет. Во вториот сет по 2:0 за противничката, Стоилковска успеваше да одржи ритам, но и да го изедначи резултатот и сетот заврши со 6:4 за Езат.

Магдалена Стоилковска е пријавена за настап на уште еден фјучрс турнир што се игра во Египет за истиот награден фонд од 15.000 долари, но според моменталниот статус на пријавени тенисерки ќе треба да настапува во квалификациите. зс/

Остани поврзан