• четврток, 26 декември 2024

Врховниот суд утврди Начелен став за акредитациите на медиумите, одобренијата важат до завршување на расправата по предметот

Врховниот суд утврди Начелен став за акредитациите на медиумите, одобренијата важат до завршување на расправата по предметот

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната Општа седница  утврди Начелен став за акредитациите на медиумите во врска со одобренијата за снимање и фотографирање, со кој се решава прашањето за различната судска практика за дадените одобренија за снимање или фотографирање по конкретен предмет, а во врска со примената на член 360 од Законот за кривичната постапка и член 105 од Судскиот деловник.

- Даденото одобрение од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија за снимање или фотографирање по конкретен предмет е со важност од денот на даденото одобрение до завршување на расправата по предметот, гласи утврдениот Начелен став.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која го подготви и предложи Начелниот став, истакна дека со Начелниот став ќе се инкорпорираат принципот на правна сигурност и принципот на транспарентност, а со цел да се обезбеди доследно применување на законските одредби, но и олеснето работење на медиумите.

Утврдувањето на Начелниот став произлезе од интензивната соработка и комуникација на Врховниот суд со Судско-медиумскиот совет во рамки на која беа детектирани проблемите кои произлегуваат од постоењето на различната судска практика и кои го отежнуваат работењето на медиумите.

Воедно, Начелниот став е заснован и на заложбите на Советот за отворено судство чија цел е унапредување на транспарентноста на судовите и доследно применување на начелото на јавност како еден од клучните фактори за владеењето на правото. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан