• четврток, 26 декември 2024

Врховниот суд одржа седница на судии, Адеми ги информира за кривичната постапка против Наке Георгиев

Врховниот суд одржа седница на судии, Адеми ги информира за кривичната постапка против Наке Георгиев

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа седница на судии на која претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, ги информираше врховните судии во врска со започната кривична постапка против судија на Врховниот суд, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција.

На денешната Седница на судии, се вели во соопштението од Врховниот суд, беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна борба против корупцијата во согласност со начелата на кривичната постапка. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан