• среда, 25 декември 2024

Врховниот суд на Џорџија го забрани абортусот по шестата недела од бременоста

Врховниот суд на Џорџија го забрани абортусот по шестата недела од бременоста

Атланта, 8 октомври 2024 (МИА) - Врховниот суд на американската држава Џорџија ја врати забраната за речиси сите абортуси по околу шест недели од бременоста.

Организацијата „СистерСонг“ (SisterSong) со седиште во Атланта поднесе тужба со која ја оспорува забраната.

-Денес, Врховниот суд на Џорџија застана на страната на екстремистите против абортусот. Секоја минута кога е во сила оваа штетна забрана за абортус по шестата недела, народот на Џорџија страда, рече извршната директорка на СистерСонг, Моника Симпсон.

Судијата на Врховниот суд на округот Фултон, Роберт МекБурни, го блокираше законот на 30 септември, тврдејќи дека тој ги крши правата на приватност и слобода гарантирани со државниот устав.

Законот ги забранува речиси сите абортуси откако ќе се открие „чукање на срцето“, обично околу шестата недела, пред многу жени да сфатат дека се бремени. Законот беше усвоен во 2019 година, но не стапи на сила се додека Врховниот суд на САД во 2022 година не го поништи долгогодишниот преседан Роу против Вејд кој ги гарантираше правата за абортус на национално ниво. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан