• недела, 24 ноември 2024

Врховниот суд на Пакистан ја суспендираше затворската казна на Имран Кан и неговата сопруга

Врховниот суд на Пакистан ја суспендираше затворската казна на Имран Кан и неговата сопруга

Исламабад, 1 април 2024 (МИА) – Врховниот суд во Исламабад денеска ја суспендираше затворската казна на поранешниот пакистански премиер, Имран Кан, во случајот поврзан со нелегална продажба на државни подароци, објавија локалните медиуми.

Истовремено, судот ја суспендираше и казната на неговата сопруга Бушра, јавува пакистанската телевизија „Гео Њуз“.

Кан и неговата сопруга на почетокот на годината беа осудени на по 14 години затвор.

Пресудата уследи по истрагата на највисокото антикорупциско тело, Националното биро за одговорност (НАБ), и вклучуваше 10-годишна забрана за вршење јавна функција.

Поранешниот пакистански премиер и неговиот тим ги отфрлија обвиненијата, велејќи дека судењето е нефер.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан