• четврток, 26 декември 2024

Врховниот суд на Индија привремено го ослободи опозицискиот лидер за да се приклучи на изборната кампања во Делхи

Врховниот суд на Индија привремено го ослободи опозицискиот лидер за да се приклучи на изборната кампања во Делхи

Њу Делхи, 10 мај 2024 (МИА) - Врховниот суд на Индија денеска привремено го ослободи шефот на регионалната влада во Делхи и клучен опозициски лидер Арвинд Кејривал, кој беше приведен под обвинение за поткуп, и му дозволи да води кампања во главниот град.

За време на изборите, кои се одвиваат во седум фази, се појавија наводи дека владата на федералниот премиер Нарендра Моди користи истражни тела за да им наштети на ривалите - нешто што премиерот го негира.

Опозиционерот е во истражен притвор од 1 април, а во изборната кампања го замени сопругата Сунита. Гласањето во Индија започна на 19 април, а изборите за повеќе од половина од вкупно 543 парламентарни места завршија на 7 мај, за време на третата фаза од изборниот процес. Граѓаните на индиската престолнина ќе го дадат својот глас на 25 мај.

Гласањето завршува на 1 јуни, а резултатите ќе бидат објавени три дена подоцна. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан