• среда, 25 декември 2024

Врховен суд на САД: Трамп не може да биде отстранет од прелиминарните избори во Колорадо

Врховен суд на САД: Трамп не може да биде отстранет од прелиминарните избори во Колорадо

Вашингтон, 4 март 2024 (МИА) -  Отстранувањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од републиканските прелиминарни претседателски избори во американската сојузна држава Колорадо не е легално, одлучи денеска Врховниот суд, јави ДПА.

Судиите на Врховниот суд својата одлука ја соопштија на еден ден пред утрешниот „супер вторник“, кога гласачите во 15-тина сојузни држави одат на внатрепартиски избори, пишува „Вашингтон пост“.
На крајот на минатата година, властите во Колорадо донесоа одлука со која го прогласија Трамп неподобен за функцијата претседател на САД. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан