• среда, 18 декември 2024

Врховен суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува

Врховен суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Врховниот суд преку соопштение попладнево информираше дека целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.

- Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности. Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба. Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија, се наведува во соопштението од Врховниот суд. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан