• петок, 27 декември 2024

Врховен ги одби барања на Владимир Панчевски за преиспитување на правосилната пресуда

Врховен ги одби барања на Владимир Панчевски за преиспитување на правосилната пресуда

Скопје, 13 јули 2022 (МИА) - Врховниот суд денеска ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат, се наведува во соопштението од Врховен суд на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Врховен суд. дма/сп/

                                                  

Остани поврзан