• петок, 27 декември 2024

Врховен суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудата за „Транспортер“

Врховен суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудата за „Транспортер“

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата на осудените во случајот „Транспортер“ за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје од 2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 2022 година ги одби како неосновани.

- Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата на осудените В.Т. и С.Б. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година, ги одби како неосновани, а барањето на осудениот Ѓ.Т. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.30/17 од 31.03.2020 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.70/20 од 08.04.2022 година,  го отфрли како недозволено, стои во соопштението од ВСРМ.

Со ова, Врховниот суд смета дека пресудата за „Транспортер“ во која е осуден битолскиот градоначалник Владимир Талески е законски изречена, односно, дека аболицијата дадена од поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, не ги опфаќа осудените.

Обвинетите се гонеа за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска. ар/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан