• среда, 25 декември 2024

„Врне ли, врне“ - нова поетска книга на Ристо Лазаров

„Врне ли, врне“ - нова поетска книга на Ристо Лазаров

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Книгоиздателството „Матица“  ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров, негова 39-та поетска книга со која се одбележуваат 75 години живот на авторот и 50 години творештво. 

-Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска Дракулевска која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата „Врне ли врне“...  Стилската разиграност на поетскиот дискурс на Лазаров, пишува Капушевска-Дракулевска, во интеракција со шареноликиот тематски потход, одат во прилог на космополитизмот на книгата. Поетскиот немир не е никогаш само и единствено личен, колку и да тргнува од индивидуалното искуство, а поетскиот глас е глас на целото, наведува „Матица“ во соопштението. 

Асоцијативноста на лириката на Лазаров, заклучува Капушевска-Дракулевска, нуди бескрајни можности и начини на „римувања“. хс/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан