• недела, 07 декември 2025

Врнежливо и студено време

Врнежливо и студено време
Скопје, 10 октомври 2021 (МИА) - Претежно облачно време ќе преовладува и денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на планините ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 14 степени. Во Скопје, претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени. Облачното и студено време ќе продолжи и следните денови. Ќе има и повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и некаде ќе наврнат до 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе бидат со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи. бак/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан