• недела, 06 октомври 2024

Врнежи од дожд и снег, пообилни во западните и северните делови од земјава  

Врнежи од дожд и снег, пообилни во западните и северните делови од земјава  
Скопје, 22 март 2021 (МИА) – Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот од земјава врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и во северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9  Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремен дожд, што кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу нула, а максималната ќе достигне до 4 степени. Утре и во среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. До петок ќе се задржи студено, а утринските температури ќе бидат најниски во среда и четврток. вј/хс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан