Времен режим на сообраќај на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани
- Поради градежни активности во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улица „Тодосија Паунов“, известуваат надлежните служби во администрацијата на Општина Кочани.
Кочани, 2 март 2026 (МИА) - Поради градежни активности во тек е времен режим на сообраќајот на дел од улица „Тодосија Паунов“, известуваат надлежните служби во администрацијата на Општина Кочани.
-Времениот режим на сообраќајот се однесува за потегот од кружниот тек кај бензинска пумпа Макпетрол, Атомски згради до СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани. Сообраќајот на источниот влез во градот ќе се одвива во двата правци на левата коловозна лента во правец кон Виница, а на десната коловозна лента ќе се изведуваат градежни работи, се наведува во соопштението од Општината.
Заради безбедно движење, се повикуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, сообраќајните правила и прописи.ис/вј/
Фото: Општина Кочани