• недела, 24 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Дневната температура ќе биде за 10 до 15 степени пониска во однос на вчерашната. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 4, а дневната од  минус 1 до 6 степени. Во Скопје облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 4 степени. Локални врнежи од снег ќе има и во вторник. Во овие два дена најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Најмали услови за формирање снежна покривка ќе има вдолж Повардарието каде ќе биде најветровито. Од среда попладне следува благо затоплување, па до крај на работната седмица ќе се задржи облачно, но со врнежи од дожд.

Остани поврзан