• недела, 01 септември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 20 март 2020 (МИА) - Времето во нашата држава ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 13 до 22 степена. Во Скопје, слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 21 степен. До сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во недела ќе настапи наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидт поројни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, па од понеделник покрај на планините врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.

Остани поврзан