• недела, 28 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 3, а дневната од 11 до 19 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 16 степени. До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во недела ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег.

Остани поврзан