• сабота, 27 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 1 октомври 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 18 до 26 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени. До недела ќе преовладува стабилно време. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите. Од понеделник ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност.

Остани поврзан