• сабота, 23 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 19 јули 2020 (МИА) - Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со засилен западен ветер. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме, информираат од УХМР. Попладне времето постепено ќе се стабилизира. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен, а УВ=8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени. УХМР информира дека во почетокот на наредната седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Остани поврзан