• четврток, 26 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно и посвежо. Претпладне ќе има сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 26 степени. Продолжува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Остани поврзан