• недела, 25 август 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 12 јули 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 30 степени Од понеделник продолжува периодот на стабилно време. Засилениот ветер што ќе дува утре ќе продолжи и во понеделник, а тоа ќе услови опаѓање на температурата за околу 5 степени утре на северот, а во понеделник насекаде низ земјава.

Остани поврзан