• вторник, 12 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 30 септември 2020 (МИА) – Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.

Остани поврзан