• недела, 24 ноември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 27 степени Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Остани поврзан