• недела, 24 ноември 2024

Вредна бронзена коњска глава вратена во Пекинг по 160 години

Вредна бронзена коњска глава вратена во Пекинг по 160 години
Пекинг, 1 декември 2020 (МИА) - Бронзена коњска глава, која беше однесена од туѓинци од Старата летна палата (Јуанмингјуен) во Пекинг, Кина, е вратена дома по 160 години, објавија кинеските медиуми. Точно 12 скулптури од животински глави некогаш го формирале хороскопскиот воден часовник во Старата летна палата на Пекинг, изграден од императорот Ќианлунг (1736-1796). Англо-француските сили ја ограбиле палатата за време на Втората опиумска војна во 1860 година и однеле бројни предмети со огромно историско и културно значење. Главата на коњот, дизајнирана од италијанскиот уметник Џузепе Кастиљоне и изработена од кралски мајстори, е уметничка комбинација на истокот и западoт. Милјардерот од Макао, Стенли Хо, го купи артефактот на аукција во 2007 година и долги години јавно го изложуваше во специјалните кинески административни области Хонг Конг и Макао. Во ноември 2019 година, Хо одлучи да го донира на кинеската Национална управа за културно наследство и да го врати во кинеската престолнина.  си/

Остани поврзан