• четврток, 05 март 2026

ВРЕДИ: Уплавот ги принуди ДУИ да го бранат Артан Груби

ВРЕДИ: Уплавот ги принуди ДУИ да го бранат Артан Груби

Скопје, 4 март 2026 - Од пусти страв да не отвори уста Артан Груби, во ДУИ одлучиле да го бранат. Заборавија дека Бујар Османи во кампањата за Чаир се огради и извинуваше за неговото поведение. Арно ама уплавот го поматува разумот,  се вели во соопштението од ВРЕДИ, кое МИА го објавува интегрално. 

ДУИ нема кредибилитет да зборува за игри на среќа. Во нивно време и со нивни дилови во Македонија беа пренесени коцкарските бизниси од српското подземје. ВЛЕН не ги заборава ветувањата. Сите незаконски договори на Прпарим и Артан за лиценци за онлајн коцкање се укинати.

Работиме на нов Закон за игри на среќа со кои бројот на објекти во разумен рок ќе се намали за половина. Ние работиме на системски решенија и за разлика од ДУИ не стануваме ортаци во коцкарската индустрија.

фото МИА архива

Остани поврзан