• петок, 26 јули 2024

Вреди: ДУИ на иста линија со Левица, заедно не го поддржаа изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

Вреди: ДУИ на иста линија со Левица, заедно не го поддржаа изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

Скопје, 28 мај 2024 

Изразуваме жалење што ДУИ денес потврди дека за нив интересите на Албанскиот народ “важат” само кога тие се власт. Африм Гаши е првиот Албанец избран за Претседател на Собранието со 76 пратеници, значително мнозинство кое беше логично да биде подржано од сите пратеници Албанци, без разлика дали се позиција или опозиција.

Бегството на пратениците на ДУИ од собраниската сала е нова епизода од неподржувањето на Арбен Таравари за единствен претседателски кандидат на Албанците и бојкотот на вториот круг на претседателските избори. Погрепни одлуки на ДУИ спротивни на интересите на ЕУ и САД. Со ваквото поведение ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левица.

Европскиот фронт на ДУИ се разобличи на првиот опозициски тест. ДУИ има обврска да ја прифати реалноста и да се однесува како одговорна опозиција. Заради серијата очајни политички одлуки сега имаат уште поголема тежина во многу блиска иднина да докажат дека нема како опозиција да ги ризикуваат ЕУ перспективите заради лични и теснопартиски интереси.

Коалиција „Вреди“

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

 

 
 

 

Остани поврзан