• сабота, 23 ноември 2024

Врачени донациите во спортски реквизити и велосипеди во рамките на Европската недела на мобилност 2024

Врачени донациите во спортски реквизити и велосипеди во рамките на Европската недела на мобилност 2024

Велес,19 септември 2024 (МИА) - Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денеска Oпштина Велес продолжи со активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2024.

Донациите, во рамки на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 денеска беа поделени во една  од  детските градинки  „Димче Мирчев” каде децата приредија пригодна програма, а потоа спортуваа на донираните спортски реквизии. Донации, кои се од повеќе спонзори,  освен за сите детски градинки „Димче Мирчев“, беа поделени и во општинските основни и средни училишта во градот.

Како што потенцираат од Општина Велес, подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст преку   спортските активности позитивно влијае на нивното здравје и на заштита на животната околина и тоа е мотив за реализација на Европската недела на мобилност 2024.

Инаку партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 во Велес која се одржува од 16 до 22 септември се и Делегацијата на Европска Унија и Европска куќа на млади од  Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ). ад/сст/

фото Општина Велес

Остани поврзан