• среда, 25 декември 2024

Вработените од кумановската градинка зедоа плата

Вработените од кумановската градинка зедоа плата

Куманово, 24 јули 2024 (МИА) - Вработените во кумановската градинка „Ангел Шајче“ зедоа плата, а штрајкот е вон сила, соопштија денеска од регионалниот одбор на СОНК и синдикалната организација. Вработените протестираа два дена, првин пред градинката, а потоа и пред општинската зграда, заради неисплатена јунска плата.

-Благодарни сме на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), претседателот Јаким Неделков, институциите кои го решија проблемот и на медиумите. Остануваме посветени на решавање на синдикалните барања на членството. Немаше политика во протестот, баравме исплата на плата, загарантирано право на секој вработен, изјави претседателката на регионален одбор на СОНК и претседател на синдикална организација во градинката, Цветанка Митевска.

Тие вчера се сретнаа со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој истакна дека проблем биле седум вработени за кои директорката на установата Марина Алексовска немала согласност за обезбедни финансии од ресорните министерства. Алексовска ја отфрли изјавата на Димитриевски укажувајќи дека градоначалникот во два наврати донел писмена согласност за нивно ангажирање како итни и неодложни.

Во кумановската градинка вработени се 232 лица во осум објекти. ам/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан