• четврток, 26 декември 2024

Вработените во РТС евакуирани од зградата во Таковска поради пријава на бомба

Вработените во РТС евакуирани од зградата во Таковска поради пријава на бомба
Белград, 16 јули 2021 (МИА) - Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Нова.рс, сите вработени во РТС се евакуирани по наредба на обезбедувањето и се наоѓаат во близина на Абердаревата улица. Блиц соопшти дека околу 14 часот обезбедувањето им наредило на вработените да ги напуштат своите работни места додека не се утврди што се случува. Полицијата во моментов врши истра во зградата. об/паг/

Остани поврзан