• сабота, 21 декември 2024

Вработените во Завод и Музеј Струмица во посета на Историскиот музеј во Петрич, договараа соработка за идни проекти

Вработените во Завод и Музеј Струмица во посета на Историскиот музеј во Петрич, договараа соработка за идни проекти
Струмица, 4 октомври 2022 (МИА) - Вработените во Заводот за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица вчера беа во посета на Историскиот музеј во Петрич, Бугарија, каде тимовите од двете страни споделиле и размениле искуства и идеи и разговарале за можностите за соработка во новиот програмски период и идните европски проекти кои ќе ги развиваат и реализираат заедно. Ова го соопштија од струмичкиот Завод и Музеј, споделувајќи ја заедничката објава на двете установи. Како што се наведува во објавата, гостите од Струмица ги разгледале новите изложбени и работни простори на Музејот Петрич. Детално биле информирани за успешно реализираниот проект за трансформација на старите бараки во градот во новиот социјален и културен центар Петрич, како и со работата на тимот на презентирање на артефактите и нивното културно наследство. Во рамки на престојот во Петрич, гостите од Струмица ги посетиле и археолошките ископувања на локалитетот Хераклеја Синтика, а се разговарало и за креирање културни мостови за одржлив развој на прекуграничниот регион. рт/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан