• четврток, 26 декември 2024

Вработените во депонијата Русино засадија 100 садници

Вработените во депонијата Русино засадија 100 садници

Гостивар, 23 ноември 2023 (МИА) – Вработените во ЗЈП Русино/Полог денес спроведоа акција за облагородување на просторот пред влезот во депонијата и засадија сто багремови садници.

Директорот на претпријатието кое управува со регионалната депонија, Бесим Догани, напомена дека оваа активност ја спровеле со сопствени средства и ангажирање на вработените.

- Оваа активност ја планиравме од претходно, но се соочувавме со недостиг на пари. Идејата потекна од минатата година, кога добивме неколку садници од чемпрес и туја и го уредивме просторот околу контролната куќичка и вагата. Озеленувањето на просторот каде што некогаш било ѓубриште, ќе придонесе за негово облагородување и зачувување на околината, а со што сакаме да го намалиме негативното влијание на отпадот врз животната средина, рече Догани.

Тој најави дека во првата наредна прилика штом се обезбедат средства ќе засадат уште дрвја на парцелите кои ги имаат предвидено. Во меѓувреме спроведуваат акции за собирање на смет кој со години беше расфрлан по патот до депонијата и соодветно се третира. згм/дма/

 

 

Остани поврзан