• среда, 27 ноември 2024

Вработените во авиокомпанијата „Емирати“ на неплатено отсуство поради Ковид-19

Вработените во авиокомпанијата „Емирати“ на неплатено отсуство поради Ковид-19
Дубаи, 4 март 2020 (МИА) - Вработените во авиокомпанија „Емирати“ еден месец ќе бидат на неплатен одмор поради ширење на новиот коронавирус. „Емирати“ досега поради Ковид-19 ги откажаа летовите за Иран, за Бахреин и за повеќе дестинации во Кина. Претставникот на компанијата Адел ел Радх истакна дека „Емирати“има повеќе ресурси од потребното со оглед на откажувањето на летовите кон некои дестинации. - Со оглед на достапните дополнителни ресурси и фактот дека многу работници сакаат да искористат одмор им овозможивме на вработените да искористат одмор или да земат неплатено отсуство до еден месец, посочи ел Радх. ми/

Остани поврзан