• петок, 27 декември 2024

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе

Вашингтон, 15 октомври 2024 (МИА) - Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично.

Во следните пет дена ќе започне предвременото гласање во три од седумте клучни држави - Џорџија, Невада и Северна Каролина.

Предвременото гласање стана широко распространета практика за време на изборите во 2020 година, кога повеќе од 100 милиони гласачи избегнаа преполни избирачки места среде пандемијата Ковид-19, а повеќето држави ги задржаа тие опции.

Предвременото гласање се користи во многу поголема мера од поддржувачите на демократите, бидејќи Доналд Трамп ја доведе во прашање безбедноста и интегритетот на процесот без докази.

Републиканците сега се обидуваат да ги убедат своите поддржувачи да ја искористат таа опција. паг/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан