• понеделник, 23 декември 2024

Во 17 турски градови регистриран британскиот вид на коронавирус

Во 17 турски градови регистриран британскиот вид на коронавирус
Анкара, 29 јануари 2021 (МИА) - Британскиот вид на коронавирус е откриен во 17 градови на Турција, соопшти Министерството за здравство. Мутираниот вирус е еден од факторите за пораст на бројот на заболени во Европа и затоа Турција мора да биде многу внимателна, напиша на Твитер министерот за здравство Фахретин Коџа. - Во нашата земја се потврдени 128 заразени од мутираниот вирус. Британскиот вид е регистриран во 17 градови, напиша Коџа. Турскиот министер истакна и дека новиот вид на коронавирус не влијаел врз ефикасноста на вакцината. гт/

Остани поврзан