• петок, 20 декември 2024

Во Њујорк 15 синагоги добиле лажни закани за бомби

Во Њујорк 15 синагоги добиле лажни закани за бомби

Њујорк, 1 декември 2023 (МИА) – Најмалку 15 синагоги во Њујорк денеска добиле закани за бомби кои се покажале дека се лажни, соопшти еврејската безбедносна агенција во Њујорк.

Според Мич Силбер, директор на Иницијативата за безбедност на заедницата, која ја координира безбедноста на еврејските институции во Њујорк, заканите се дел од кампањата насочена кон затворање на синагогите.

Тој додаде дека се чини дека нема реална опасност за целите.

Според иницијативата, закани добиле пет синагоги во Менхетен, две во Бруклин, една во Лонг Ајленд, две во округот Вестчестер и пет во други делови на Њујорк.

„Има уште експлозиви во синагогата. Овие експлозиви ќе се активираат за неколку часа, а јас ќе влезам во историјата. Ќе се погрижам сите да умрете“, се вели во еден од заканувачките мејлови испратени денеска.

Заканите беа упатени во услови на пораст на антисемитските злосторства од омраза во Њујорк и низ САД по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и војната во Појасот Газа што следуваше потоа. јт/

Остани поврзан