• среда, 27 ноември 2024

Во Њујорк и Лос Анџелес се затвораат рестораните и кафулињата

Во Њујорк и Лос Анџелес се затвораат рестораните и кафулињата

Вашингтон, 16 март 2020 (МИА) - Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес синоќа објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи во обид да се забави ширењето на новиот коронавирус.

Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава или пак граѓаните ќе можат да ја земат храната пред објектот. Но, не е прецизирано колку ќе трае таквата мерка. Се очекува повеќе од 50.000 ресторани во Њујорк да затворат до вторник до девет часот, а според податоците на националното здружение, рестораните остваруваат повеќе од 51 милијарда годишен приход и имаат над 800.000 вработени. Додека мерката за затворање на центрите за рекреација во Лос Анџелес стапува во сила на полноќ и ќе трае до 31 март, со можност за продолжување. ми/

Остани поврзан