• недела, 22 декември 2024

Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст

Во јуни ќе се проценува дали гласањето за локалните избори ќе се спроведе со отпечаток од прст
Скопје, 12 март 2021 (МИА) - Мислам дека треба да го тераме овој процес за гласање со отпечаток од прст и да направиме некаде во јуни месец некоја проценка дали реално ќе стасаме, а во секој случај да го реализираме овој дел на законски измени, делот на набавка на софтвери и на опрема, делот на подготовка на системот, но мислам дека неопходно е да има пилотирање за да може да се стави во функција, за да сме сигурни дека на денот на изборите нема да ни се случи пет проценти или десет проценти да не можат да го остварат своето гласачко право заради проблеми со системот. Значи нашата цел е да имаме добар систем на којшто сите ќе му веруваат и никој нема да го оспорува, нагласи министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој во интервју во емисијата „360 стеоени“ на телевизија Алсат М истакна дека не е дилемата дали да го има гласањето со отпечаток или да го нема, туку дали се сите чекори неоходни и по препорака на меѓународните експерти на ИФЕС и на други организации и дали ќе успееме до локалните избори да ги реализираме сите чекори вклучувајќи го и пилотирањето на системот, за да сме сосема сигурни дека на денот на изборите нема да се случат крупни проблеми. - Значи имаме и нешто што е ставено во законот, одредба ставена во законот за ваков систем, меѓутоа сме виделе често дека одредбите не се доволни сами по себе, тие треба да се операционализираат. Работната група на ДИК заедно со Министерството за правда состави спецификација по извршени консултации со МВР. Состави детални норми поврзани со реалцизаија на оваа идеја за отпечаток со прст. Има една спорна точка која што се уште не е расчистена и јас верувам дека идната недела ќе ја расчистиме, а тоа е која ќе биде алтернативата за оние избирачки места кадешто нема да може да се употребат времено или цел ден на гласањето машините за отпечаток од прст, дали да се сопре гласањето па да се повтори или пак да има алтернатива за со прскање со спреј. Во случај кога ќе се појават проблеми. Инаку нема дилеми околу тоа, потенцираше министерот за правда во интервјуто. Тој, на прашањето  дали базата на отпечатоци којашто ќе се користи како референтна за споредување ќе биде локално присутна на компијутери во гласачкото место или ќе треба интерент врска за да се поврзува, одговори дека смета оти секаде нема да може со интернет врска. - Мислам дека нема да може со интернет врска секаде, така што ќе мора да биде локално присутна базата, меѓутоа за таа база да се пренесе потребна е посебна процедура и посебен софтвер од МВР за која што е потребна набавка за да можат да го реализираат тоа. Бидејќи вака како што е сега не можат да направат трансфер на целата граѓанска база до ДИК. Без законска основа и без процедура за софтвер, рече Маричиќ. Околу спроведувањето на пописот тој истакна дека е веќе отфрлено „неспроведувањето“ и оти пописот веќе започна за дијаспората и за определени категории на граѓани, а од 1 април ќе започне за сите. Во однос на тоа што ќе се случи ако продолжи да расте трендот на новозаболени од Ковид-19, Маричиќ посочи дека ако тоа се случи ќе ја чекаат препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство. - Ако продолжи ќе ја чекаме препораката од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство дека има основа за таков нешто. До тогаш, ние заедно со Државниот завод за статистика ги замоливме и тие изработија протокол за спороведување на пописот по криитериуми соодветни на пандемијата и мислам дека може да се изведе пописот и брзо и ефикасно и безбедно. Секое одлоагање може само да ја враќа политизацијата на пописот и јас мислам дека сите политички партии ја сфатија важноста на пописот, освен можеби Левица и дека сите ќе придонесат кон тоа граѓаните да се попишат, да имаме реална слика, рече Маричиќ. Околу тоа која бројка ќе биде релеванта за процентуалната застапеност, дали процентот на оние што ќе бидат резиденти или процентот на вкупното население, односно на државјаните, тој нагласи дека дефинитвно ќе биде релевантна на државјаните. - За општините не можам да кажам, тоа треба да видиме со Завод за статистика, меѓутоа во целина апсолутно ќе важат државјаните, тука нема дилеми. Тие бројки ќе бидат релевантни и за правичната застапеност во институциите, посочи министерот за правда. см/сп/

Остани поврзан