• сабота, 23 ноември 2024

Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција

Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција

Атина, 1 јули 2024 (МИА) – Во јуни годинава просечната вредност на максималните дневни температури во Грција била на екстремно високи нивоа споредено со просекот од периодот 2010-2019 година, а минатиот месец бил најтоплиот јуни во последните 14 години, според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми отстапувањата на просечната максимална температура во јуни 2024 година имало на Пелопонез (+4,8 степени), во областа Атика и дел од централна Грција (+4,6 степени) и во северниот дел на земјата (+4,3 степени).

Во првата половина на минатиот месец, односно во периодот од 10 до 12 јуни кога Грција беше зафатена од топлотен бран, во одредени делови од земјата температурата била од десет до 12 степени Целзиусови над нормалните нивоа за конкретниот период од годината.

Како што пишува Метео, 11 станици од мрежата на Националната опсерваторија на Атина регистрирале рекордно високи температури.

Во Атина, просечната месечна вредност била за четири степени повисока, при што 29 од 30 дена во месецот беа потопли од нормалното. ср/ми/

Остани поврзан