• среда, 20 ноември 2024

Во јули 374 одобренија за градење, нови 808 станови

Во јули 374 одобренија за градење, нови 808 станови

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33.6  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57,  Полошкиот, 55, ....

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71.7  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (55.3  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.1 процент) за објекти од нискоградба и 92 (24.6  проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 374 објекти, на 200 (53.5  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 174 (46.5  проценти)  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 808 станови, со вкупна корисна површина од 66 044 м2.

Најголем број станови ќе се градат Пелагонискиот регион, 207, по што следуваат Југозападниот, 191, Скопскиот, 119, источниот 115, Полошкиот, 110, во Југоисточниот 49, а Североистолнот повторно е со најмалку,  односно пет.

Во Пелагонискиот регион ќе се градат 122 стана во Прилеп и 84 во Битола, а во главниот град, најголем број од становите се во Центар, 37, Карпош, 23, Гази Баба и Сопиште, со по 21, Аеродром пет.... лв/бак/

 

Остани поврзан