• сабота, 23 ноември 2024

Во јули зголемен прометот во индустријата на домашниот пазар на месечно ниво

Во јули зголемен прометот во индустријата на домашниот пазар на месечно ниво

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - На домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава, прометот во индустријата е зголемен за 6.5 проценти, додека во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули  минатата година е намален за 0,6 проценти.   

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во јули годинава во однос на јули минатата година,  бележи пад од 13,5 проценти. 

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 35.4  проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.6  порценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6 порценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4  проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во јули во однос на јуни годинава е намален за два проценти, а  во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули минатата година, се бележи пад од 13, 3 проценти.

Според ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 0,9 проценти.  

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6  проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.8  проценти, додека пораст бележи кај Капитални производи за 46.4  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 проценти. Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава е зголемен за 6.5 проценти, додека во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули  минатата година е намален за 0,6 проценти, информира ДЗС. 

Статистичките податоци покажуваат дека прометот во индустријата на странските пазари, во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, е намален за 18 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 37 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.8  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари, во јули во однос на јуни минатата година, е намален за 5,2 проценти, додека во периодот јануари-јули  година, во однос на истиот период од  2023 година е намален за 6,9 проценти. лв/

фото:МИА 

Остани поврзан