• недела, 01 септември 2024

Во Јужна Кореја поради птичји грип усмртени околу 400 илјади живина

Во Јужна Кореја поради птичји грип усмртени околу 400 илјади живина
Париз, 30 ноември 2020 (МИА) – Властите на Јужна Кореја потврдија дека на една живинарска фарма во југозападниот дел на земјата избувнала епидемија на високо патоген вирус на птичји грип Х5Н8, соопшти денеска Светската организација за заштита на здравјето на животните (ОИЕ). Цитирајќи соопштение од јужнокорејското Министерство за земјоделство, ОИЕ издаде предупредување на својата интернет страница во кое се наведува дека 19.000 патки биле убиени на живинарска фарма во градот Гирин-ри. На шест фaрми во тој дел од земјата превентивно се убиени уште околу 392.000 кокошки и патки, соопшти јужнокорејското Министерство за земјоделство. јт/

Остани поврзан