• среда, 25 декември 2024

Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш

Во Југоистокот продолжува трендот на најголема излезност во Дојран и Гевгелија, најмал во Радовиш

Струмица, 8 мај 2024 (МИА) - Во десетте општини од Југоистокот до 17 часот на вториот круг на претседатеските и парламентарните избори продолжува трендот на најголема излезност во Дојран - 58 отсто и Гевгелија со 56 отсто, а најмала во Радовиш 36 отсто.

Процентот на излезност и за двете гласања е идентичен, односно има многу мал е е бројот на тие што избрале да гласат само за претседателските или парламентарните избори.

Во другите општини излезноста во Василево е 42 отсто, Ново Село 39 отсто,Конче 46 отсто, Валандово и Богданци 50 отсто, Струмица 48 и Босилово 39 отсто од вкупно запишаните избирачи.

Во десетте општини од Југоисточниот плански регион граѓаните гласаат на 273 избирачки места, а право на глас во вториот круг на претседателските и парламентарните избори имаат 141.167 гласачи. рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан