Во Јапонија уништени 50 илјади пилиња по појавата на птичји грип
- Јапонските власти денеска соопштија дека 50.000 пилиња се уништени по појавата на птичји грип на фарма на северот на земјата.
Токио, 5 јануари 2025 (МИА) - Јапонските власти денеска соопштија дека 50.000 пилиња се уништени по појавата на птичји грип на фарма на северот на земјата.
Тестовите направени на фарма во областа Иват го потврдија присуството на вирусот на птичји грип, соопштија властите, додавајќи дека пилињата биле уништени на лице место.
Регионалните власти го забранија движењето на 170.000 пилиња одгледувани на две други фарми во радиус од три километри.
Ова е 19-та епидемија на птичји грип оваа сезона во Јапонија, соопшти Министерството за земјоделство.
Околу 3,8 милиони пилиња во радиус од 10 километри од заразената фарма засега мора да останат во областа. рп/
Фото: МИА архива