• среда, 25 декември 2024

Во Јапонија тргна факелот со олимпискиот оган

Во Јапонија тргна факелот со олимпискиот оган
Токио, 25 март 2021 (МИА) - Олимписки факел тргна низ Јапонија, се наведува на официјалната веб-страница на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио. Штафетата со огнот стартуваше во префектурата Фукушима на стадионот „Ј-Вилиџ“. Прв учесник на настанот беше фудбалерот Азуса Ивашимизу, кој играше за репрезентацијата на Јапонија од 2006 до 2016 година. Факелот за 121 ден ќе помине низ859 општини во сите 47 префектури на Јапонија и ќе трае до денот на отворањето на Олимписките игри - 23 јули. Предвидено е во церемонијата да учествуваат околу 10 илјади луѓе. Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година. Сепак, поради пандемијата, Олимписките игри се одложени за оваа година од 23 јули до 8 август 2021 година. зс/

Остани поврзан