• вторник, 24 декември 2024

Во Јапонија прв смртен случај од мајмунски сипаници

Во Јапонија прв смртен случај од мајмунски сипаници

Токио, 13 декември 2023 (МИА) - Министерството за здравство на Јапонија соопшти дека во таа земја денеска е регистриран првиот смртен случај од мајмунски сипаници.

-Починатиот пациент е маж на 30-годишна возраст со претходна инфекција со ХИВ и без историја на патување, се вели во соопштението на Министерството.

Maјмунски сипаници се вирусна инфекција што се шири преку близок контакт, предизвикувајќи симптоми слични на грип и гнојни рани по целото тело. мс/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан